ТИП ПРЕДЛОЗИ

 

downloadЦРНА ГОРА- ДАНСКА  0-2 голови   1.55

Меч кој одлучува за второто место во групата, ако се земе во предвид дека Полска е речиси недостижна на првото место, па останува Црна Гора и Данска да одлучат помеѓу себе, кога двете селекции имаат идентична гол разлика (18-7). Не е исклучен ниту нерешен резултат за кои Црногорците би го посакале потајно, бидејќи во Копенхаген ја добија Данска со 1-0.

Тип 0 до 2 гола и за оние кои бркаат систем Х

 

ХРВАТСКА-ФИНСКА 1 и 1Н(-1.5)  1.20 и 1.50

Хрватите направија неколку кикса на последните натпревари а особено поразот во Исланд кој ги стави во ситуација да стравуваат за првото место во групата, и поради фактот дека зад нив се веднаш репрезентциите на Исланд и Украина, која веројатно ќе ги освои трите бодови со Косово, се освен единица, ќе значи одалечување на Хрватите од директен пласман во Русија.
Може да се игра и со победа на Хрватите над 1 разлика, поради фактот дека неколку натпревари се мачат, се очекува токму со Финска да распалат.

 

Аргентина-Перу 1 (1,25) и 0-3 голови(1.38)

Се освен победа, Лионел Меси, Ди Марија, Игуаин и другарите, ги остава во втор план за пласман на Светското првенство, со можност дури и да се загуби местото кое води во баражот затоа што зад Аргентина е супер мотивираниот Чиле кој е само на 1 бод зад Аргентина и 2 зад Перу.
Меч кој се очекува да биде тврд и да го реши 1 или 2 гола.

 

Чиле-Еквадор 1 (1.45)

Во Чиле ретко кој може да се надева на бод или бодови, па истото важи и за Еквадор кој нема никакви шанси за пласман на ова светско првенство. Чиле е квалитетна репрезентација која игра одлично, па киксот со Парагвај ги принудува на задолжителна победа со Еквадор. Кога се мора, знае да биде и малку тешко, затоа може да се исконбинира и овде како втора опција, опцијата од 0 до 3 голови.

 

Бугарија- Франција 2 (1.25)

Киксот со Луксембург во Париз( 0-0) ги принудува Французите да одиграат најдобро што можат во Софија против селекција која е без шанси за пласман и бараж. Секој друг исход, најверојатно ќе значи преземање на првото место од страна на Шведска, која на домашен терен игра релативно лесен меч со Луксембург.
Како втора опција, може да се одигра и 2ка со 0 до 4 гола

 

Мароко-Габон 1 (1.50)

Само еден бод заостанува Мароко зад Брегот на Слонова коска која има тешко гостување со Мали, па три бода за Мароко може да значат и преземање на врвот пред нивниот решавачки дуел во последното коло. Меч кој може да заврши исто така со мал број на голови и победа на Мароко.

 

Шкотска-Словачка Х2 (1.55)

Меч кој директно одлучува за второто место и на кој Шкотска мора да оди на три бодови, што остава простор за игра на Словаците кои се технички и физички подобро спремни од Шкотите. 0 до 2 голови како втора опција која не би требало да биде нималку ризична. Ова е меч кој може да биде решен и со само еден гол

 

Австрија-Србија ГГ

 

Австријците играат пред своите гледачи и овие разочарувачки кфалификации ќе пробаат да ги завршат со еден убав и отворен меч пред својата публика против ривал кој ќе има голема подршка од трибините. Дуелот на трибините на теренот може да донесе и отворен меч со многу голови. Во ситуација која Србија брка најмалку бод, ќе мора барем еднаш да стрела во мрежата на Австријците, кои на домашен терен, секако ќе одат на победа. ГГ комбинирано со Х2 2+

 

За повеќе предлози видете на ЛИНКОВ 

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

СЕ ЗАПОЧНА СО ЕДЕН FRIEND REQUEST

15Масовна тепачка на социјалните мрежи на еден пост. Опнав еден коментар, кога оооп….Некој ме аднува на профилот. Добра тета , со цицки ко на алпинка и расни гзиња ко планинскиот масив на Шар Планина. Охоооо, си реков, еве каде може да падне манијачење, пошто за нешто повеќе ќе ми требаа 2000 денари за гориво и патарина. Тета живееше у Гевгелија а ја колата ја неам регистрирано од преклани и уље не сум сменил од лани, ко шо вика чичко Кумплунг. Џабе тролаат ова патриотиве дека СОРОС ме плаќал да јадам бурек по нетов. Јок. Еве тета ќе загори од шо сум ја поштен. Џабе ми е и промискуитетност и се. Далеку е Гевгелија, да му ебеш матер далеку е…

Се размуабтивме во ситните саати и почнаа да фрштат слики кои не се за у јавност. Опааа…..Малку прерамка од брусхалктер…па раменца…па силуета на цицка…Опааа…Добра цицка ко шо и претпоставував. Ми делуваше и тврда, а не обезличена и размлитавена ко раскљанкана глина. Некои цицки во брусхалтерот делуваат како ракета на нуклеарен погон, но штом ги извадиш надвор, почнуваат да трчаат по сокаци. Едната у Дебар, другата на Табановце. Оваа тета имаше две мини боксерски вреќи. Убави тврди и стегнати цицки кои стоеа исправени како врвовите на Монт Еверест.

На 10-15 минути во пошта стигнуваа нови слики. На крајот стигна финалето. Дада се расоблече од пети до глава, со две кончиња околу половината кои некој ги нарекол гаќи. Црепот нејзин спие, а тета прави фотосесии у купатило. Толку бев попален што ако во тој момент ја запалев колата и тргнев на пат за Гевгелија, не верувам дека ќе стигнев и до Велес. Кај Катланово ќе се стумбав и ќе завршев у Пчиња. Ќе ме вадеа со пожарникари од провалија а во раката ќе држев мобилен телефон со стиснат лајк на гол гс! Ја ќе завршев у лимен сандак а тета ќе продолжеше да слика у купатило. Нејсе. Да бев расипан гад и ќе профитирав од тие слики. Сигурно црепот нејзин би платил добра сума за да ја има вистината за својата женка. Ама ја сум иста сорта ко неа. Како да го продадам родот свој? Имаше 45-6 години и ме водеше советот на мојот луд стрико од Америка. Кога имав 18 ми рече:Пробај внуче нешто над 40 и нема никогаш да се вратиш на помладо…Стариот ме просветли…Над 40 ги бркам веќе 15 години и не верувам дека некогаш ќе ми скурчат.

А целата оваа голотија која се распостила на социјалниве мрежи е  прерипување на сите оние фази на запознавање кои беа задолжителни пред едно 10-15 години коа немаше ФБ. Сега од тета имаш име, презиме, слика, димензија на цицка, струк, гс, брачен статус, имотна состојба. Ако прочепкаш по профилните и профилот на карактерот ќе го имаш. Најјаки се оние кои се сликани со книги, по библиотеки, као нешто многу читаат, вау вау, а кога разговараат со тебе на чет, немаат ништо повеќе од ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА—-Начитана си срцка…Жими куров…Тета што праќа голи фотки од себе е многу поконкретна од тебе. Она има шанса да го добие набрекнат и вруќ у секое доба. А ти можеш да се клештиш до утре сабајле и да изиграваш дека си ја напишала Ана Каренина. Фазите на сопнување во денешно време се непотребни. И онака веќе ништо не е битно, откако изумре магијата на спонтано запознавање. Сега само телесната, вагинална температура и географска ширина е непознаница. Се друго е видено, издегустирано и многу пати исфлекано…Ај забришете се….

НАПИША:БУЛЕВАРКО-КЛИКАЧ НА ЛАЈКОВИ НА РАЗГОЛЕНИ ГЗИЊА, ЦИЦИЊА И МУЦИЊА НАПРЧЕНИ

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ВОНРЕДНА ВЕСТ!!!БУЛЕВАРКО ВЕЧЕРВА Е ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН!!!!!

brza_pomos_2ВЕЧЕРВА ОКОЛУ 19:00 ЧАСОТ, КАКО ШТО ЈАВУВААТ НАШИТЕ ДОПИСНИЦИ НА STREET NEWS, НАШИОТ ФБ ГОМНОЈАДЕЦ БУЛЕВАРКО Е ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН ВО ЕДНА ОД СКОПСКИТЕ КЛИНИКИ.
КАКО ШТО ЈАВУВА ПОЛИЦИЈАТА,БУЛЕВАРКО ПОВЕЌЕ ОД 18 СААТИ БИЛ ДРЖЕН ВО ЗАТОЧЕНИШТВО, ВО ЕДНА ХАЦИЕНДА НА КОЗЛЕ, КАДЕ ШТО ДВЕ КУРТИЗАНИ, 18 ЧАСА БЕЗ ПРЕКИН МУ ПРУЖАЛЕ ОРАЛЕН СЕКС, А ПРИ ОБИДОТ ДА СЕ СПАСИ, БЛОГЕРОТ СЕ СПИЧКАЛ ПО СКАЛИ, А СЛУЧАЈНИ МИНУВАЧКИ, СО ВОЗИЛО ГО ПРЕНЕЛЕ ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР, КАДЕ ВО ОДДЕЛОТ ЗА КАРДИОЛОГИЈА, ИТНО МУ СЕ ВГРАДЕНИ СТЕНТОВИ И СТРОГО МУ Е ЗАБРАНЕТА СЕКАКОВ ТИП НА ВОЗБУДА, ЕРЕКЦИЈА И НЕРВОЗА, ВО СЛЕДНИТЕ 90 ДЕНА!!!

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ДЕСНИЧАРСКИ УДАР, НО ЗА НЕКОЕ ВРЕМЕ

1920_VMRO_IMRO_ZNAME_FLAGТалат Џафери го укотви задникот на фотелјата за која Трајко велеше дека требало да се почека. Не почекавме многу. Народот кој што беше со месеци торпедиран со гнев и омраза, успешно беше изваден од кожа, и од своите домови. Луѓето влегоа во Собранието, и поделија тупаници! Тупаниците на луѓето беа многу поискрени од приказните на лажните водачи и расипани политичари. Насилството врз пратеници не е убава работа, но кога веќе дојде денот народни тупаници да играат во нашиот парламент, фер ќе беше тие да заиграа кај сите пратеници без исклучок. Само ден,два подоцна се покажа, дека и оние другине заслужиле ќотек, како и клетите предавници. Приказните на лажните патриоти паднаа во вода, водачите го предадоа тронот, а искрените патриоти заглавија во притвор. Мажот кој и удирал ќотек на жената пред да ја скрши стомната, бил во право. Политичарите кои го буцкаа народот да излезе од своите домови, ја скршија стомната, и ги изневерија луѓето кои им веруваа, и кои секако, си ја сакаат својата земја.

 

Сега откако на повидок е левичарско,албанска коалиција, која најавува де-партизација на државата, борба против криминалот и брзо интегрирање на државата во Европа, можеме само да им се тргнеме од скалите по кои чекорат, а правите десничари да земат воздух, и да соберат сила за некое убаво време кое доаѓа. Извалканата десничарска идеологија во Македонија, одеше по иста патека со лажните популистички приказни на лажните десничари дека Путин и браќата Срби, на бел коњ ќе дојаваат и ќе не спасат од клетите шиптари. Такви приказни можат да лиферуваат добро задоени комунисти, сталинисти, ленинисти и марксисти! Можат комотно да направат трансфер во владата која е во најава. И онака менувањето дресови, нема да им е прв пат во животот и потекнуваат од таа екипа.

 

На новите властодршци, можеме да им порачаме, да не заборават дека црвено црната идеологија е најсилната идеологија во Македонија. Дека ранетиот десничар ќе се крене од пепелта и повторно својата сила ќе ја побара во светите букви на ВМРО. Да не се надеваат оние кои шкртаа по ѕидови и оставаа пораки NEVER MORE VMRO дека ќе јуришаат на светоста на секој Македонец, зошто таквите желби ќе им бидат најголем непријател во нивната заложба за наводната демократизација на државата. Оние кои најавуваат дека со багери и копачи ќе удрат по идентитетот на идеолошките вмровци, треба да знаат дека ќе добијат чист десничарски одговор. Но не од  квази десничари како Мирка, Миленко, Латас, Бетмен Че Гевара и обвинети удбаши кои застанаа на колоната на одбраната на Македонија, туку од оние кои изминативе години плачеа и за дражвата и за партијата ВМРО. Ликот и делото на вечните Даме, Гоце, Тодор, Борис и други, живее кај речиси еден милион Македонци кои во себе носат и други приказни, освен оние партизанските од  периодот 1941 до 1945 година. Овие луѓе, надвор од валканиот политички простор, се темелот на Македонија и македонштината. Тие секогаш ќе бидат и ќе останат овде. Без разлика дали биле власт, опозиција, се бавеле или не со политика. ВМРО и Црвено црниот бајрак, живеат во срцата, на сите оние луѓе кои вие ги лажевте, и дел од нив предадовте.
Сега, кога десницата заринка во калта на извртените вредности, ќе има добра шанса и време, да се подигне од прашината, и да се врати на сцената уште посилна, и уште пообединета.

Булеварко

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ПОСЛЕДЕН ПОВИК ЗА РАЗУМ

019185297_30300Ќе биде ли онаа војна бе а? Ми се врти онаа славна реплика од Убавите села, убаво горат, каде Драган Бјелогрлиќ пие љута ракија под сенка, без мезе, удира во чашката на другар му Бошњак, и потврдно му одговара.
Дали сме сите ние седнати под таа сенка во периодов кој не заробува? Дали е дојдена работава коа сме клекнати у нашите полски кенефи, у едната рака да ја држиме ролната со мека тоалетна а у другата рака, Калашот, откопан од некоја земуница, затрупана у далечната 2001? Последниве неколку години се усравме неколку пати. Отворивме афера со прислушкување, никој не знае кој прислушкува. Се изнаслушавме за еден тон криминали и нечовечки постапувања, сеуште немаме судска пресуда. Имаме лидери на партии кои се загазени до гуша у измет, а народот е нахушкан да излага на улица и да исправа криви дрини.

Се прашувам, дали оние со лавот на челото имаат поголем стандарт во државава од оној со розата на чело? Дали оној со Розата на чело навива помалку за Македонија на спортски настан од оној со лавот? Една шака народ сме напикани во еден град а веќе зазезаме добра позиција, да си ја ебеме мамицата и како скорпии сами да се поништиме. За инат на клетите Шиптари, Срби, Бугари, Грци, као јапанци камикази, ќе се разнесеме рецитирајќи го писмото од Розета, со дешифрираните пораки на Донски и неговата визуелна конекција со духот на Аце Велики. Време е за колективно самоубство! Како Питу Гули коа се рокнал со своите другари горе на Мечкин Камен, чувајќи го последниот метак за себе. Какви будали сме ние, со камен у глава ќе го напраиме тој свечен чин. Или со колумна на некој самопрогласен стручњак. Каменот у глаа е бољи!

Го извадивме ѓаволот да шета по улиците. Не со загарантираното право да се протестира и да се изрази некаков револт. Ѓаволот шета по улица со црвениот плашт кога бараме линч на ближниот свој. Кога со фашизам, мобилизираме орди, да ѕвонат по туѓи врати, да се дерат под пенџериња, да се плукаат у фаца неистомислениците и да се лепат пароли со потерници за оние кои не размислуваат исто како и нарачателите. Ние се оштриме, а Луцифер фаќа сеир. Пратеничкана од Албанија ги доби своите 5 минути на слава да исправа криви дрини, а космополитот Мухамед Зекири мудро си молчи. Он нема ништо против. Иаме платформа на маса дечки. Да ја мочам таа платформа од 7 спрат, после испиени 10 лименки пиво!!!

Како никогаш до сега не сме дошле толку блиску да си ги закрвиме дворовите македонски. Викаат пострашно од војна е само граѓанска војна. Колку и да делува далеку и нереална во моментов, самиот нејзин ладен здив кој ни диши во вратовите, треба да не опомени. Ако во оваа наша сиромашна вукојебина, од нашите пари се офајдиле 20 тина политичари, цехот за тие гревови не треба да го платат 2 милиони граѓани. Русите нема да не бранат, Американците исто така. Оние кои овие денови мастурбираат на Путин, нека имаат на ум дека Македонецот го вади ,,клетиот” бугарски пасош за да иде у таа Европа, која сите патриоти ја плукаат. Додека вие ја чекате Руската чизма да не спаси, нашите деца преку Скајп ни мавтаат од Европа и Америка. Единствено нашите ,,визионери” кои ја одбраа Русија како нивна дестинација, тоа го направија за да ги замрзнат своите конта во банките каде што не се врши контрола за влез на сомнителни пари. Секој друг што сака да се испоти и чесно да заработи, тоа го прави или во својата родна земја или во клетата Европа.

Затоа, пред да загазиме у туѓите лајна, да се вратиме кај сенката, каде што пиеме ракиичка со нашиот сосед, комуњар-вмроовец. Ќе има ли бе брат војна? Не бе брат. Зошто да има….Сине, земи од фиоката некој динар, докупи зелка, ни снема за со ракијата. На здравје и да живееме, брате комуњарче-вмроовче….

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

АМЕРИКАНЦИТЕ И МАКЕДОНЦИТЕ, КАОБОЈЦИТЕ И ИНДИЈАНЦИТЕ

Waving flag of Macedonia and USAВојводата Доналд Трамп Први седна на америчкиот престол. Шоуменот и бизнисменот покажа зошто во Америка секој има шанса. Како шо Лестер прошиша прв низ англиската премиер лига, така и Доналд Трамп прошиша низ моќните амерички елити од ционистичките кругови, фацки водени од гангстерите на ФБИ и ЦИА. Онаа ружна баба Хилари побегна од пресот а нејзините фанови почнаа да кршат ширум Америка. Овде во Македонија имавме слична приказна, само со други улоги. Американците ги видоа мејловите на Викеликс у кој се фрли тешка сумља дека Хилари примала пари од батките од ИСИС. Тоа беше доволно Америте да ја треснат од земја. Ние две години слушавме, гледавме со свои уши и свои очи, а сеуште под хипнозата на дон Лаки фром да мадафакинг Сител Тиви, ни зуе у глаата она: Сечени, лепени и монтирани. Често пати им се смееме на америте дека се дебилна нација! Они дебилни, препознаа. Што ков сме ние, еее мајката…..

 

На победата на Трамп се радуваат фацки у државава кои многу малце разбираат што е надворешна америчка политика. Одеднаш пораснаа апетитите на нашиве тука дека Трампчо ќе му опне заушка на Зајко, дека Трампчо ќе им удри клоца на клетите шиптари, и дека ќе ни го спаси името од клетите Грци. Од Бугарите нема спас! Он нема да може да не спаси  пошто Бугарите ни се ноќна мора. 3 мм под кожата не дрмаат како нискоамперна струја, доволно да не дразни а да не не убие. Коктел на Трампизам и Путинизам, помешан со античка магија и турбо-фолк рефрени од Цеца, се напиток што маа у глава као екстаза. Кај типои со мали куриња и неебани дадички кои својата сексуална инфериорност ја вадат преку разно разни наслови по порталиве…

 

Дали Трамп победил, дали Путин правел воени маневри у соседството, Македонците паѓаат у транс. Путин сеуште нема слетано на нашиот аеродром и да ја удостои нашата гарда и држава со поздрав. Додуша плавушата од портало не потсети дека прелетал над нашето небо. Путин да прдне ние ќе се посереме. Обама да ни намигне, ние тоа ќе го нотираме. Тоа се нашите линкови кон запад и исток. Хорхе му намигнува на Обама, Путин и намигнува на Македонија од авион. Слетува во Грција и Србија. На плавушата ќе и се дразни пичната жила кога Русите ни летаат над небо и праат воени маневри у близина. Што ли ќе се деси ако некад стапне на наша земја?  Натка е верен следбеник на моралните принципи иако не ги љуби американските филмој. Но не сум ни скептик дека некад она би можеле да ја видиме на некоја фунцкија у Брисел. Колку е когзистентна во своите ставови најдобро знае брат Љубе. Кога замина во затвор и ја остави партијата на чување. Ја шитна за еден мочан портал на оние по кои ревносно плукаше. Нејсе…Не е само она. Се накомија такви профили на нашава сцена, веќе не се ни бројат.

 

Она што не ми е јасно како Македонците можат да ликуваат тип шо им најави војна на мигрантите, кога 50 % од нашата популација се мигранти по светов. Две три фацки ко Трамп у Европа и ќе значи шут карта за нашите гастерјбатери кои рмбачат на црно. Ако заигра ѕидот кон Мексико, ќе заигра и на Шенген. Оуф забраив! Нема  да ги молиме гадовите западни  за визи. Иаме Бугарски пасоши!!! И ќе ги има се повеќе. Удба не сака Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Народот сака. Народот де народот….оној шо е у секој втор збор на пастирот…

 

А протестите во Америка влагаат у портокалова фаза. Додека ние овде јадевме вафли за донесениот закон за употреба на гумени куршуми, американската полиција рока со боева. Без разлика дали бил црња шо пљачка на бензиска или демонстрант шо не поштува издадена полициска наредба. Е тие се правите демократи. Ние во нашите повеќемесечни преотести ги руиниравме нашите институции.А вината е поредена на сите подеднакво! Не се криви само оние кои ги шараа и ги лупаа со камења. Криви се оние што требаше да ги бранат а не ги одбранија. Штабчето на нивната партија го одбранија а институциите останаа во окрш и шкрабаници. Едните го руинираа со партиски кадри други со шипки и камења. Е толку сме ние патриоти. Американците нема да припарат ни метар до своите државни згради и кадрите кои работат таму со години ќе бидат таму и по победата на Трамп. Ние руинираме и градиме на секои 4 години. Партискиот кадар у земјава нема рок на траење. Има рок на траење ресорот кои тие ќе го запоседнат. Му ја ебаваат мајката крвнички и го цицаат нивниот капацитет додека мешето не се надува. Е после седи една партиска ждриготина и парола, ДРЖ ТЕ ГО ПРЕДАВНИКОТ

Posted in Uncategorized | 1 Коментар

ЏАБЕ Е ТУКА ДА БИДЕШ СЕКСИ

downloadКога и да скролам по тоа мобилниот, се прашуем, која од сите тие дрољи е најбоља од сите. Па второ прашање шо си го поставувам ми е , која од нив може да ме изебе најбоље на свет, не е битно како изгледа. На крај сваќам дека ме боли кур за се и дека станува збор за пополнување време у тој мрачен тајмин од 03 до 05 сабајле. И кога би го издркал пред некој контејнер, каде се гузат две мачки, би можел да се пофалам дека сум имал сексуална активност таа вечер. Предноста е шо нема да ги слушам тие одвратни патетики и томови литература за тоа, колку е одвратен машкиот свет. Пушете го сите вие кокошки и искомплескирани дрољи. Кога се ебете и кога пушите некад, е исто ко да сум го заглавил алатот меѓу врата. Повеќе боли него што е убаво, али дај решете се веќе еднаш….Ви се пуши, или ви се јаде? Ако сте гладни, ете ви го Силбо. Мрш на шалтер и попунете ги тие празни простори на целулит, кои настанале од  етапното трчкање на кеј.
Често пати пред да излезам надвор се прашувам што да облечам. Второ прашање е, дали да им бидам секси или духовит? На крај контам дека у овој град,  не е можно ни едното ни другото. Духовит не можеш да бидеш на овци кои бркаат фраери со селфи стап. Исто така на кофи кои сеуште носат високи топуци и целулит им тече преку хеланка. Џабе сум секси, кога нивниот укус мава накај рекетарска ќељафа глава, која пичи  муабет: кукле, каде вака убава, а сама??? Не ги можам ич, боље ќе се исклучам од цел свет, ќе фрлам и телефон и вибер, и фб, и лична карта….Една трска, јадица, и на састав кај Треска…Боље да пецаш риба карши Крушопек него да пецаш риба некаде накај Тренд. У Тренд рибата прета и ко ќе ја уловиш те убедуе дека е фока и го чита Драган Таневски. Тоа е филозофијата јебана на пола град што живее тука и на пола што се досели….

И не сакам да билдам, не сакам да јачам мишичи, да пијам креатин, протеини и да кркам белковини и пилеќе месо. У тој случај ќе ми пријде креатин, протеини, пилатес, фитнес и зумба цура на висока штикла. Нема да ја можам.Ќе очекува да ја однесам на некое екстра место, а јас десет години градов го заобикулувам.  Место да бидам секси, ќе си бидам аут од се, ќе ги носам старите фармерки, избледениот дуксер и нема да кревам на мобилниот. Тие што ме знаат лично да не ме сваќаат лично. Рандом не кревам на никој и рандом сум накурчен на секој пролазник. Не бе….како се издржува во овој град? Има ли во градов жена која не пати по дечко и која не им се курчи на сите дечковци у градов???Ако сакате нешто да ве задоволи и да не ви јаде вафли, идете у Валијант. Таму ќе добиете пенетрација под ваш агол без соговорникот да ве замара. Јас у меѓувреме ќе се лажам дека сум секси. Ми кажа една баба од 75 години.Јеби га…Она покрај 150 курци шо ги изела у својот живот, ваљда е меродавно жири.

Биди секси, а понашај се ко ропак. Биди секси а ебавај виртуелно. Соговорниците се пред еутаназија. Чекаат милостие да бидат усмртени, пред да им се накомат караконџулите гладни за кур, и жигосан крст на челото. Дај не ме јебете.  Неам што да ви кажам оваа вечер… Комплиментот и бон тонот се лицемерна работа. Ова е обична шкрабаница нашлакана на бела салфетка, на терасата од каде што се гледа Скопје. Во него еден куп животни,  мал процент луѓе пребегнати во шумата, и две преубави дланки кои зборат повеќе од 700 000 народ…А јас, од шумата своето пиво го допивам. Месечината полуокезена ја гледам. Ме гледа она мене, ја гледам јас неа. Остануваме така насмеани, додека градот умира и гине од стадо, гладно за блуд и разврат….

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

ЗА ЛУЃЕТО И НЕЛУЃЕТО

27109_346337306838_5825088_nКонечно зенит на летото и мала декомпресија од политичкиот хегемонизам, набиен од двата наострени табори. Конечно чоек да може да го олади под сенка. И мозокот и оној дел од телото кој најчесто си го пофрламе по мајки, сестри и жени кога општиме на социјалните мрежи. Социјалните мрежи се една галаксија каде глупоста е бесконечна а умните мисли светкаат како ѕвезди на темното небо. Најчесто се пердашиме поделени у табори. Кога би пробале да размислуваме ко единки? Е тогаш двата табора би ни ја ебале мамката и секунд…

Деновиве на нетов видов една убава и малку трогателна слика. Генералот од 2001, господинот Стојанче Ангелов, објави фотографија од роденденот на своето синче. Еден ден порано, затоа што го чека далек пат назад во пеколниот Ирак. Ангелов е лидер на мала политичка партија, која ете, не е на страната на власта. По дифолт, Стојанче е внесен у најцрн контекст во записите на дежурните провладини труби. А човекот едноставно сака да си го заработува денарот чесно. Со крвав труд да си го прехрани семејството. Стојанче во 2001 го остави белодробното крило во Арачиново, а денес како бранител, заработува во туѓи земји. Главниот грев на Стојанче е што не прифатил да биде на цицката од која цицаат провладиниве. Не си го продал гзот за лагодност, мир и редовна платичка. Човекот ќе црнчи надвор од Македонија, а неговото достоинство, ќе го газат луѓе без достоинство. Да беше Стојанче, лик ко Предраг Петрушевски Бинго, дежурен домобран на сите контра-протести, неговиот лик и дело од војната во 2001 ќе беше како ореол на нивната партија. Но пошто ете не е, тој а и сите нормални луѓе кои не сакаат да бидат дел од Акционерското друштво, кое продава национална платформа у пакет со градежни парцели, ќе бидат ставени на ѕидот на срамот. Ќе ги закачуваат по табли, ќе ги боцкаат со шпенагли и ќе им вадат стории колку пати криво мочале у текот на годината….

Додека Ердоган им ја ебава мамицата на предавниците у Турција, провладините овде дркаат на дохтрината на новиот султан и го бараат истото од нивниот водач. Ало батки. Ниту оние кои во Македонија фрлаат со боја, некад ќе фрлат молотов коктел, граната или нешто потешко, ниту па вие, кои навивате денес за Ердоган, некад би легнале под тенк за вашата ви татковина. 10 партизанки со пушки на боја му ја ебаа мамата на градов. А вие си лаете по ФБ. Исто како и оние кои навиваат за пучистите од Стамбола града. Ајде бе сиктер таму! Мрш на Пинкови ѕвездички! Гзот не можете да го кренете од мекиот кревет и главите да ги извадите од тој скапан телевизор кој емитира срцепарателни турски драми! Битно е размислувате сите као под ХАШТАГ. Таговите се Црпко, Сороспии, Шарените, предавниците, Путин, мајка Русија, Нато зликовци и така натаму. Ова Нато зликовци е останато од времето на Слобо, али нема везе. За него палевте амбасади да му ебам мајката!!!

Сеуште во државата преполна со патриоти, не се најде еден лик роден од мајка, кој ќе тропне на масата на градоначалниците кои им ги спасуваат пропаднатите кариери на фолкерите од северот. Лето за лето, фестивал за фестивал и оп, некоја си Рада е херој на вечерта. Која е таа Рада бе да му ебам мајката? Имала добар гс, добра цицка и витка става. Сосема доволно да се продаде прозводот на народ кој црпи животна инспирација од жута штампа и од рекла-казала стории. У меѓувреме, нашите пеачи стануваат предпеачи на Рада и компанија. Дресот на кошаркарската репрезентација ќе ни го носи Ратко Варда и компанијата на некој си анонимус као Раца. Луѓето дигнаа раце и од кошарката и од музиката. Во меѓувреме, некои србомани си го добиле по муцки од старата гарда на Комити. Баткиве сакале со српско знаме да ги провоцираат гостите од Загреб за време на фудбалскиот натпревар. Пошто Динамовци се Усташи и они не се сакаат со Четниците. А шом не се се сакаат со Четниците, тие се непријатели и на Македонците кои се на платен список на ВМРО. Истите оние кои навиваат и за Ердоган. Гоце се превртуе у Гроб а Даме им иде на сон на најблиските и бара да го ескумираат и закопаат што подалеку од овде!!!

Јас ВМРО си го носам во срцето. За мене тие 4 букви тежат подеднакво како и трите прста кои ги спојуваат Отецот , синот и светиот дух. Нема пара ниту фаца која ќе ми ги извалка овие свети букви. Шарените нема да ги избришат како и оние кои заради бенефит на сопствениот гс се закачиле за нив како крлежи и болви. ВМРО е нешто што спие во срцето и одвреме навреме се буди. Но за својата земја, чисто и искрено. Луѓе биле и дечките кои се жртвувале и саморазнеле со бомби, после нерамноправната битка кај Ножот, со неколкуилјаден аскер. Нелуѓето и по 30 години независна татковина, не одбраа начин за достојно да ја одбележат битката. Со државни почести. Бинго е попознат јунак од голобрадиве деца кои умреа за својата мајка и за своите 4 букви. И пак тажен крај на се. Нелуѓето се на цена над луѓето. Се додека луѓето не ја збришат од овде и ги остават нелуѓето, да пропаднат во ниските човечки односи на зајадливост, ситен интерес, местенки и кодошлоци. Живи да се испојадат….

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

Бели ноќи, портоколави деној…

downloadПомина фамозната бела ноќ. Една у годината у која можеш да се истрескаш до сабајле, без да му ја думаш за работно време. Али за кој кур? У нивниот шеријат не моеш да купиш алкохол после 19 часот. Алкохол забранија а возачите се по пијани по улициве. Уште малку ќе почнат дома да ни влагаат сосе коли и рефрени на Сека Алексиќ пуштен до даске. Утнат закон батки. Некој во дрогата ви турил ракија купена по 19 часот изгледа. Налет се. На лабавата гардероба ќе мора да носиме ранци у која ќе трпаме залихи со алкохол ко да е војна. А војна е секако. Само онаа најлошата. Кога гине духот, авангардата и татнежот на ноќта. Минута молк за Скопје и неговиот ноќен живот. Некад имаше 20 ноќни клубови, места каде што игравме пинг понг и билијард и каде што се собираше градксата елита. Елитата денес ја нема. Фати џадето у белиот свет.

У нашето празно секојдневие сведоци сме на многу умирачки. Умре музиката, умре македонската тифо сцена, умре духот на младиот човек, умре ноќниот живот, умре бунтот и бунењето за било што. Ако ви измислат ебана сметка дека не сте ја платиле пред 35 години, вие ќе идете ќе си ја платите со затезна камата, со судски трошоци и ќе прашате плус дали има уште. Минута молк за македонскиот човек кој стана мумија заробена у портокалова рамка. Да земеш да го исечеш крв нема да потече затоа шо одма ќе му опнат етикета. Да ги ебам и левите и десните. И да ги ебам гнидите кои лепат етикети а на чело им стои жиг дека се партиски амеби.
У нашиот портокалов живот не моеш да отидеш на фудбалски натпревар а да не треба да поминеш 6 воени зони, ко да си Палестинец што влага на стадион у Тел Авив. Ќе ти измислат правило да понесеш лична  и таман ќе купиш карта, некој мангуп од управа ќе ти заклучи врата на стадион. Вардар напраи фузија со Миравци, палмите има да никнат па мајка Јана да е, стиропорот ќе го шиткаме ко бетон а на Прометеј ќе му тураме гаќи. Додека ни гори душата у ноќта бела, се прашувам кога за последен пат е снимен македонски музички албум, македонски филм. Мрда ли народов за било што а да не е митинг на партија???
А зашто да се снимаат? Ние и онака сме држава за втора српска лига. Се она што пропаѓа и губи кариера у комшилук, ние го собираме овде и му се дивиме ко да се симнал Господ. Ќе го цитирам Пеце од Супер хикс. Еднаш Харис Џиновиќ држел концерт у Македонија 4 дена, пуштил мустаќи и мустаќите никад не ги избричил.

Ма тука се може да пројде само немој да зборуваш вистина. Вистината е глува кучка која седи у партиски штаб, шири нозе и стенка и прешкртува живи луѓе од список.
Него заебете тоа…Кај да купиме алкохол да го ебам? Антидепресивите не ги даваат без рецепта…Алкохол нема дрога има. Жртви по улициве колку сакаш. Шо прајме со вашиов закон бе мајстори???

НАПИША:БУЛЕВАРКО

Posted in Uncategorized | Напишете коментар

СЕ ЖУРКАВМЕ ЈАКО И КУРВИТЕ ГИ ФРЛАВМЕ НИЗ ПРОЗОР

drama-u-velikoj-gorici-covjek-prijeti-da-ce-se-baciti-iz-stana-504x335-20120831-20120801225124-5e38fde2c81db3f6835c044c3dc9b1c2Малку е насловов експлицитен али ценета екселенцијо, ме заболе искрено кур за сите репери на добро однесување пошто такво нешто одамна кај нас не постои. Може да иде се низ етер па затоа ќе ја искористам бљувотината оставена по порталиве онака неприметно да си пројдам со уште една бљувотина од серијалот, СИТЕ ЖЕНИ СЕ КУРВИ, ОСОБЕНО ОНИЕ КОИ НЕ МОЖАМ ДА ГИ ЕБАМ!!!

Беше 2002 година и со мој другар од Скопје патувавме за Кавадарци кај еден мој војнички другар. Друкавме гас на скапаното ФИЧО за да запали и се напикавме у него као чета на ИСИЛ тргната на воена задача. Сите четворица во себе носевме 10 литри вино, КАВАДАРКА, од флаша и ја пиевме на голо, без разреден степ или било каква хемија у него. Рендавме натуткана пуфка татковинска и непрскана трава и веќе на првата патарина у фаците бевме ко отруени лебарки. Ни пукна гума кај првиот велешки тунел и додека возачот и совозачот се мачеа со дизалици , кључеви и раткапни, јас и ортакот од Мичурин правевме склекови и пеевме некои навијачки песни. Гумата клапна, се утрпавме у ФИЧОТО и наредниот цуг од флашата со вино беше убиствен и по флашата и по мене.
Отиде целото до доле а јас отидов високо горе. Во крнтијата од Крагуевац се возеа четири пијани говеда со вкупно 12 промили алкохол во крвта.

Улетавме у Кавадарци ко да сме го ослободиле Багдад. Буразерот Голи не изгушка братски и ни прекори зашто пиеме евтино и брливо вино…
ИМАМ ВИНО ДОМАШНО ДА ВЕ БАЊАААААМ……Ах бе брат…Ти имаш вино, ние нешто друго….Крцкај си….
Влеговме дома кај него а на горниот спрат трештеше некоја музика. Горан Стапот и величенствениот МИЗАР….Пичулиња млади си ги грееа гзовите на термо-печките а секоја голтка што ни влагаше у преполниот желудник беше без мирис и вкус…Вина, коњаци, штокови и некако се најдовме на некој шанк во село Јосифово, опкружени со гитаристи, пијан вокал и еден тон балкански курви и мафијаши.

Ме завлече Голи надвор према излазот додека дел од локалните мангупи почнаа да не гледаат на криво. Тие не гледаа на криво а ние ги гледавме замаглено. Нема разлика. На крај ќе земеме и ќе си ебеме матер. Осеќав дека алкохолот ми го дига целиот адреналин во крвта и дека во тој момент, мирисот на пичка би го заменил со мирис на барут. Локалниот бандит му прекори на Голи, што бара тип од Кавадарци во неговото Јосифово а флашата со пиво која ми беше во десната рака, му ја ѕвекосав во келавата тиква. Клапушот падна на подот а Голи му фукоса пуна чизма у глава. Клапушот беше патосиран додека другарот од Мичурин се лигавеше со една курва во едно сепаре. За неполниа минута бевме опколени од дваеситина хокштаплери кои сакаа да го одмаздат нокаутираниот клапуш. Се сеќавам дека Голи спомна некое име од Неготино и клапушите за миг се повлекоа. Клапушите отстапија а курвите пристапија. За еден миг полно сепаре со пијачки и напалени жени додека клапушите ни одпоздравија со спортски поздрав ДА ПУКНЕ. Пукна пред тоа…Сега е се рутина и кулирање-си реков-а за кратко време се појави и типот од Неготино. Во истиот миг, непријателската војска ни стана сојузничка и се што беше во селската крчма се тури на агресивно пиење, дерење и мочање.

На одење накај дома се појави и главниот дистрибутер за јужниот регион…Подели зелен зачин замотан во боздоган и го тегневме 15 минути, склопувајќи целосно примирје. Завршивме како гости во некој стан во Гевгелија…Батето од Неготино им нареди на пичонките да се соблечат голи и да ги исполнат сите наши желби. Имавме многу желби но малку можност да се пенетрира во нивната влажна суштина. Во тој момент беа сосема зрели да ги џитнеме низ прозор и да паднеме у кома…Се шетаа низ станот по гаќички и со голи цициња додека Голи и тајфата од Неготино се трудеа да погодат некои акорди на гитарата…Веќе почна да се разденува…Утро на кое никогаш нема да се сетам……А другар ми Голи и таа вечер ќе ги памтам цел живот….
Деновиве го сретнав после цели 12 години….Првиот муабет ни беше токму овој текст кој сега го нафрлам….Ова е за тебе брате мој…За другарот со кого прв пат во животот го осетив татнежот на 120 милиметарската Хаубица…Бевме копиљаци и обучени артилерци. Ги гаѓавме белите чаршави на далечина од 8 км и се радувавме подеднакво ко да сме пенетрирале во пичката на 45 годишна тета..Бевме артилерци и напалени пилци…Многу поразлични од денес…

НАПИША: БУЛЕВАРКО

Posted in Uncategorized | 1 Коментар